Search

Денеска Пендаровски во Куманово, Силјановска Давкова во Скопје ќе се престават

Денеска продолжува кампањата за претседателските избори 2024.

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски ќе ги посети општините Старо Нагоричане во (15:00), Кратово во (16:30) и Ранковце во (17:30). Пендаровски ќе одржи митинзи во Крива Паланка во (18:30) и во Куманово (20:00)

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски ќе оствари средби со граѓани на промотивните штандови во рамки на активностите за поддршка на кандидатот за претседател, Стево Пендаровски и ќе им се придружи на СДММ во планираните спортско рекреативни активности, на кои ќе учествуваат и претставници на Коалицијата за европска иднина.

Кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова ќе ја презентира програмата пред граѓаните во Петровец (17:00), Центар (18:30) и во Кисела Вода (20:30)

Кандидатот за претседател на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски ќе ја презентира програмата пред граѓаните во Скопје – во Градски парк – пункт кај седум чешми (13:00), пункт во близина на Луна паркот и дискотеките во правец према паркот за миленици и пункт во близина на езерцата кај споменикот.

Кандидатот за претседател од Левица, Билјана Ванковска на средби со жителите на Општина Аеродром во Ново Лисиче, парк „Авионче“ (12:00), а програмата ќе ја презентира и пред граѓаните на митинг во Кавадарци. (во Домот на културата „Иван Мазов“/ 19:30).

Треба да знаете
Последни објави