Search

Во сообраќајка меѓу тротинет и автомобил тешко повредена малолетничка

На 12.04.2024  вo 16.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Доситеј Обрадовиќ” со ул.„Киро Крстевски” и со ул.„Боте Боцевски” во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу електричен тротинет управуван од малолетничка од Скопје и патничко возило „опел” со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Ц.(39) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски” Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Треба да знаете
Последни објави