Search

Шефилд јунајтед следната сезона ќе ја започне со минус два бода

На фудбалскоти клуб Шефилд јунајтед ќе му бидат одземени два бода на почетокот на следната сезона, соопшти Англиската фудбалска лига (ЕФЛ).

Шефилд јунајтед е казнет со одземање на бодови поради неплаќање долгови кон други клубови. На клубот од стадионот „Брамал Лејн“, условно му се одземени уште два бода, кои ќе се активираат доколку не ги платат долговите.

Шефилд јунајтед е најголем кандидат за испаѓање од Премиер лигата. Моментално е на дното на табелата со 16 бодови, шест помалку од безбедната зона, па се поизвесно е следната сезона да игра во Чемпионшип.

Клубот објави дека нема да се жали на казната и се согласи да ги плати трошоците за ЕФЛ од 310.455 фунти.

Неплаќањата се однесуваат на пет различни трансфери на играчи и доцнењето кумулативно надмина 600 дена.

Треба да знаете
Последни објави