Search

ЕХФ не му простува на Начевски повторно го казни две години !

Поранешниот македонски интернационален ракометен судија и долгогодишен претседател на Судиската комисија во ЕХФ, Драган Начевски по вторпат ја доби казната од две години неизвршување било која функција од страна на судот на Европската ракометна федерација поради непријавување обид за поткуп за местење на натпреаври. (види ТУКА). Начевски пред една година ја доби истата казна, но сметаше дека е невин бидејќи и самите предводници на европскиот ракомет велеа дека нема докази против него, поради што се жалеше до Апелацискиот суд кој му го усвои барањето и ја врати постапката на почеток. И покрај тоа, луѓето од ЕХФ покажаа решителност да се пресметаат со Македонецот, па денеска повторно го суспендирале на две години. Неговата суспензија почнува од 12 април, а од неа ќе бидат одземени два месеци. Начевски покрај времената казна заработи и парична од 5.000 евра. На оваа одлука Начевски повторно има право на жалба до Апелација и тоа во рок од седум дена.

Треба да знаете
Последни објави