Search

Покрај колата на Австриецот што загина на патот Тетово-Попова Шапка била пронајдена торба полна со пари

Кај осумдесетгодишниот Австриец кој пред неколку дена почина откако излета од патот Тетово-Попова Шапка била пронајдена торба со пари. -На 7.4.2024 година околу 17:20 часот во СВР–Тетово, пријавено е дека на регионалниот пат Тетово – Попова Шапка на влезот во Расадиште од Тетово, патничко возило „Сузуки“ со австриски регистарски ознаки, управувано од. Е.В. (80) од Виена – Република Австрија, излетал од патот. Од здобиените повреди возачот, кој бил сам во возилото, починал. Од страна на лекар од Итната медицинска помош е констатирана смрт, додека јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Тетово извршиле увид на местото на настанот“, информираа од МВР. Од тетовската противпожарна бригада велат дека покрај телото била пронајдена поголема сума на пари, кои биле предадени на полицијата. -Тоа беше длабок пад на автомобилот околу 150 метри. Жртвата беше надвор од автомобилот, работите исто така биле расфрлани надвор. Има и слики и работи што ги документиравме, видовме пари околу колата како српски динари, евра и денари. Во торба, според она што ги виделе останатите пожарникари, имало поголема сума на пари што ги имала жртвата. Поголема сума на евра, изјави Авни Амети, началник на ППБ – Тетово. За случајот се известени и Одделот за меѓународна полициска соработка, Министерството за надворешни работи, Амбасадата на Австрија и Канцеларијата на Интерпол.

Треба да знаете
Последни објави