Search

Интер Мајами на Меси елиминиран од Купот на шампионите во КОНКАКАФ

Интер Мајами рано утрово загуби од Монтереј во реваншот од четвртфиналето на Купот на шампионите КОНКАКАФ со 3:1. Средбата се одржа на стадионот „ББВА Банкомер“ во Монтереј.

Напаѓачот на домашната екипа Брендон Васкез го отвори резултатот во 31. минута. Неговиот гол беше единствен во првото полувреме. Веднаш по паузата, тимот од Мексико постигна уште два гола – погодија Жерман Бертерам и Хесус Гала.

Во 79. минута гостите останаа во малцинство бидејќи дефанзивецот Жорди Алба доби втор жолт картон. На крајот од натпреварот Диего Гомез ги постави конечните 3:1 по асистенција на Лионел Меси.

Во првиот натпревар Монтереј победи со резултат 2:1.

Треба да знаете
Последни објави