Search

Шефот на полицијата на Сплит поднесе оставка бидејќи неговиот син претепал млад човек

Шефот на сплитско-далматинската полиција, Слободан Марендиќ, денеска соопшти дека поднесува оставка бидејќи е утврдено дека неговиот син учествувал во конфликт кој резултирал со тешки повреди на едно лице.

Во саботата околу 03:30 часот, добиена е пријава дека пред клубот на улицата „Пут Супавла“ во Сплит лежи маж, кој најверојатно е повреден, извести Сплитско-Далматинската полиција. Мажот бил пренесен за укажување лекарска помош, а задржан е во болница и констатирано е дека се здобил со тешки телесни повреди.

Во неделата наутро началникот на Сплитско-далматинската полиција Слободан Марендиќ соопшти дека поднесува оставка.

-Почитувани, сакам да ве информирам дека поднесов неотповиклива оставка од функцијата прв човек на Сплитско-далматинската ПУ. Ноќта од петокот кон саботата дошло до конфликт меѓу повеќе лица во кој тешко е повреден млад човек, а за тоа вчера полициската управа ја информирала јавноста. Со оглед на тоа што во повредата на младиот човек учествуваше и еден од моите синови, спроведувањето на кривичната истрага го презедоа полициски службеници од друга полициска управа со цел се да се испита максимално професионално, почитувајќи го принципот на институционална независност – се наведува во оставката.

Тој исто така посочи дека иако нема промашување во смисла на раководење со полициската управа, ниту лично го прекршил законот, тој смета дека приватната ситуација во која се нашол како татко е неспоива со неговата професионална улога на раководител на полициската управа.

„Сметам дека е правилно што трајно се ослободувам од вршење на раководни функции во Министерството за внатрешни работи. Покрај сите напори за зачувување на безбедноста, покрај превентивните програми што ги организираме и спроведуваме, немам морално право да останам на чело на оваа полициска управа. Затоа, од денеска поднесов неотповиклива оставка од функцијата началник на Сплитско-далматинската полиција – заклучи тој.

Како што пренесува Индекс, лекарите се борат за животот на повредениот млад човек.

Треба да знаете
Последни објави