Search

Надал: Телото не ме слуша, тешко ми е

Еден од најдобрите тенисери на сите времиња Рафаел Надал реши да се повлече од турнирот во Монте Карло на неколку дена пред почетокот на натпреварувањето.

Тој објасни дека се уште не е подготвен да се натпреварува на највисоко ниво, и дека нема да биде дел од Мастерсот.

Според изјавата на Надал за „Мовистар“ ситуацијата не е нималку наивна.
Тој рече дека не е во позиција да се натпреварува во овој момент.

-Телото не ми дозволува да играм. Тешко ми е, така е година ипол. Се обидувам да ги решавам работите секој ден, но реалноста е дека не сум во позиција да се натпреварувам во моментов. Тешко е – изјави Надал.

Ролан Гарос е блиску, а дали ќе успее да се подготви за тој турнир е тешко да се предвиди.

-На професионален план е многу тешко. Не исклучувам ништо, дури ни турнири во Барселона или Мадрид. Сепак, во моментов не можам да играм – изјави Надал.

Треба да знаете
Последни објави