Search

Приведени крадци во Прилеп, одземеното ќе биде вратено на сопственикот

На 05.04.2024 во 02.30 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода  Е.Б.(34) и О.М.(29), двајцата од Прилеп. Тие биле фатени при извршување на „тешка кражба” во куќа во Прилеп, при што кај нив биле пронајдени украдените предмети и ќе бидат вратени на сопственикот.

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Треба да знаете
Последни објави