Search

Во полноќна бркотница на Бит Пазар уапсени две лица од Арачиново

Полноќна бркотница имала полицијата синоќа на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, откако две лица од Арачиново не сакала да затанат на предупредување, удриле во службеното возило, па се дале во бегство. Во намерата да побегнат од полицијата не успеала, а се обиидела да се ослободат од два пиштоли и куршуми од различен калибар кои ги фрлиле со јакната при бегството. -На 04.04.2024 во 23.55 часот на подрачје на Бит Пазар во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода М.Б.(31) и Џ.Б.(29), двајцата од с.Арачиново, скопско. Претходно, тие не застанале на знак за запирање даден од полициски службеници, по што со возилото „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, во кое се превезувале, удриле во службеното полициско возило и се обиделе да побегнат. При лишувањето тие фрлиле една јакна во која биле пронајдени два пиштоли и 20 куршуми различен калибар. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, се вели во полицискиот извештај.

Треба да знаете
Последни објави