Search

„Торцида“ хаосот од стадионот го пренесе на сплитските улици – Тројца полицајци во болница, уапсени 52 лица

Полицијата во средата вечерта во Сплит привела вкупно 51 лице поради нередите што ги предизвикаа навивачите на Хајдук во „Пољуд“ и околу стадионот по мечот со Динамо, а лекарска помош побарале тројца полицајци, извести полицијата.

Нередите избија откако полуфиналниот натпревар од Купот на Хрватска помеѓу Хајдук и Динамо заврши 0:1.

Навивачката група „Торцида“ тешко ја прифати елиминацијата од најголемиот ривал, а по завршувањето на натпреварот ја пробија оградата на северната трибина и влетаа на теренот со цел да се пресметаат со ривалските „Бед Блу Бојс“. Брзата интервенција на специјалните полициски сили спречи инцидент.

Но, немаше спас за столчињата на северната трибина на „Пољуд“, кој може да биде затворен за гледачи во наредниот период.

Од трибините на култниот стадион, протестот на навивачите на Хајдук се прошири и на улиците на Сплит, каде се тепаа меѓу себе, фрлаа факели и палеа контејнери. Тие ги нападнале и полицајците со стаклени шишиња, факели и камења. Како оружје се користеле и летви.

Треба да знаете
Последни објави