Search

Сенев ќе ја спасува Брегалница од испаѓање

Трајче Сенев, поранешен играч и тренер на Брегалница, ја доби довербата од раководството на штипскиот фудбалски прволигаш да го спасува тимот од испаѓање. Сенев како старо-нов тренер се враќа во Брегалница на местото од Горан Здравков која замина поради лошите резултати. Во првата тренерска мисија со „сините“ Сенев имаше успешна приказна во сезоната 2011/2012 кога, доаѓајќи како тренер среде сезона, успеа да го извлече најдоброто од Брегалница на крајот тимот заврши на петтото место. Во својата тренерска кариера Сенев има работено во екипите на Силекс, Осогово, Кожуф и Кит-Го.

Треба да знаете
Последни објави