Search

Поради митинг денеска и утре посебен режим на сообраќај во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје ги известува граѓаните дека поради подготовки и одржување на митинг, почнувајќи од денеска до утре, односно до завршувањето на митингот, Единицата за безбедност на патниот сообраќај презема мерки за посебен режим на сообраќајот. Притоа, бул.„Илинден”, потегот од мост Гоце Делчев до бул.„Климент Охридски” и од бул.„Климент Охридски” до мост Гоце Делчев, се затворени за сообраќај во двата правци.

Во текот на утрешниот ден, по потреба , ќе бидат затворени и други сообраќајници на поширокото централно подрачје.  

Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот. 

Треба да знаете
Последни објави