Search

Македонските ракометарки се пласираа на Европското првенство

Македонската женска ракометна репрезентација обезбеди пласман на Европското првенство (ЕП) кое ќе се одржи во декември, откако попладнево го совлада Азербејџан во Баку со 37-22 (19-12) во претпоследниот натпревар во квалификациската група 5.

За избраничките на селекторот Кристијан Грчевски ова е трета победа во петтиот квалификациски дуел со која се зацврстија на второто место на кое и ќе го завршат квалификацискиот циклус доколку Литванија вечерва загуби на гостувањето од фаворитот Шпанија.

Јована Саздовска со седум голови беше најефикасна во македонскиот табор во триумфот над Азербејџан.

Европското првенство ќе се одржи во декември во Австрија, Швајцарија и Унгарија.

Треба да знаете
Последни објави