Search

ЕВН останува универзален снабдувач со струја, понуди помала маржа од досегашната

ЕВН Хоум, останува универзален снабдувач на регуларниот пазар на кој се снабдуваат со енергија домаќинствата и малите потрошувачи со струја. Утрово на електронската аукција оваа компанија понудила најмала профитна маржа од 9,9%.

По конечната одлука на Владата се очекува официјализирање на оваа информација и можно намалување на цената на струјата. Досегашната профитна маржа на ЕВН хом беше 11,5 отсто. Услов на Владата за новиот повик беше маржата да биде помала од 11,5 отсто.

Универзалниот снабдувач под новиот договор треба да започне од јуни а во истиот период и Регулаторната комисија за енергетика ќе ја разгледува цената.

Треба да знаете
Последни објави