Search

Ливерпул крева раце од Алонсо, ќе бара нов наследник на Клоп

Англискиот фудбалски премиерлигаш Ливерпул на крајот од сезонава ќе остане без тренер. Актуелниот предводник, германскиот стратег Јирген Клоп си заминува. Првиот пик за негов наследник Шпанецот Чаби Алонско поранешен играч на Ливерпул, кој сега е предводник на лидерот во бундеслигашката конкуренција Баер Леверкузен не е расположен да ја менува средината. „Црвените“ од „Енфилд“ во Шпанецот гледаа човек кој добро го познава клубот каде мина пет години како играч, човек кој има квалитет, знаење, а потврада за тоа е одличната работа која ја врши во Баер Леверкузен. Меѓутоа по се изгледа ништо од таа опција затоа што како тие така и Баерн Минхен добиваат сигнали дека Алонсо сака да остане на „Бај Арена“ најмалку уште една сезона што значи дека ќе мора да се бараат други решенија. Премиерлигашот веќе се фокусира на две имиња и тоа се Рубен Аморим и Роберто Де Ѕерби. Аморим веќе неколку сезони успешно го води Спортинг Лисабон, додека Де Ѕерби е на кормилото на Брајтон, тим со кој игра атрактивен фудбал, секогаш носи енергија и бара многу од играчите. Оперативците на Ливерпул треба да донесат важна одлука затоа што кој и да дојде сигурно нема да му биде лесно да го замени Клоп кој низ годините се стекна на статус на икона, легенда, вистински миленик на навивачите на „Енфилд Роуд“.

Треба да знаете
Последни објави