Search

Две од трите приведени лица за убиството на докторот во Железара добија куќен притвор

Две од трите осомничени лица кои беа приведени од страна на полицијата за расветлување на случајот со убиството на докторот пред поликлиниката во Железара добија куќен притвор. Со оглед на тоа што се уште се преземаат дејствија за обезбедување докази, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка краткотраен куќен притвор во траење од 48 часа за две од лицата кои беа задржани во врска со убиството. Предлогот е прифатен и бараната мерка притвор е определена. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски информираше дека биле приведени три лица. Според него мотивите за убиството на докторот не биле поврзани со неговата професија.  Убиениот лекар од Скопје имал 67 години и бил најден со најмалку 9 убоди и искрварен во неговиот автомобил во близина на поликлиниката Железара.

Треба да знаете
Последни објави