Search

Бербок: Израел по војната треба да се откаже од контролата врз Појасот Газа

Шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок изјави дека Израел тредба да ја отстапи контролата над Појасот Газа штом ќе заврши војната против Хамас.

Бербок во интервју за медиумската група „Функе“ истакна дека власта треба да биде предадена на „Палестинците – ослободени од Хамас, од терор, самоопределени и со демократски избрана влада на сите Палестинци, вклучително и тие од Западен Брег“.

– Тоа нема да се случи преку ноќ, но не треба да го изгубиме од вид политичкиот хоризонт, особено сега за време на војната, посочи Бербок.

Според неа, германската Влада работи со арапските партнери за да се осигури дека решавањето на конфликтот на принципот на две држави за двата народа, Палестинците и Израелците, нема да стане фатаморгана. Тоа вклучува изградба на цивилна инфраструктура, реформи на Палестинската управа, економско закрепнување и безбедносна структура, вклучувајќи безбедносни гаранции и за Израел и за Палестинците.

– И ова значи и потсетување за израелската Влада дека политиката на населување не само што го попречува создавањето на палестинска држава, туку и буквално го попречува мирот. Затоа само решението за две држави може да донесе траен мир и безбедност на народот на Израел, наведе Бербок.

Според неа Израел треба да биде уверен дека никогаш повеќе нема да се соочи со терористичка закана од Палестина, како и Палестинците да можат да водат безбеден и достоинствен живот на својата земја.

– Ова, се разбира, значи дека и соседните арапски држави мора да бидат вклучени, бидејќи таму им се верува, но и затоа што се блиски пријатели на Израел, затоа Германија, а исто така и САД и Велика Британија се толку загрижени за политички хоризонт“.

Треба да знаете
Последни објави