Search

Чави и да не се премисли останува во Барселона

Тренерот на актуелниот шпански фудбалски првак Барселона, Ернандес Чави неодмана објави дека ја напушта жешката клупа кај тимот од „Камп Ноу“ на крајот од сезоната. По ваквата најава деновиве се огласи првиот човек ба Барселона Хуан Лапорта со ветување дека ќе разговара со Чави да ја смени својата одлука. Во исчекување на конечнен епилог, каталонскиот весник Ел Мундо Депортиво тврди дека Чави нема да замине од Барселона. Ако не дојде до промена во неговото размислување и не продолжи на клупата, Чави во иднина ќе остане како амбасадор на Фондацијата Барселона. Тоа веројатно и беше негова замисла, по три стресни сезони поминати на тренерската позиција во Барса. Официјалната потврда за ова треба да биде објавена наскоро, веднаш штом стане јасно дека Чави официјално си заминува во јуни од жешкото тренерско столче.

Треба да знаете
Последни објави