Search

ОН: Над 1.500 луѓе веќе се убиени во насилствата на бандите на Хаити оваа година

Над 1.500 луѓе се убиени во насилствата на бандите на Хаити оваа година, соопшти денеска Канцеларијата на Обединетите нации за човекови права (ОХЦХР). Во извештајот на ОХЦХР се наведува дека до 22 март годинава биле убиени 1.554 лица, додека минатата година биле убиени вкупно 4.451 лице.

Се додава дека смртните случаи биле резултат на убиства во домовите на жртвите поради нивната наводна поддршка за полицијата или ривалските банди, а понекогаш биле убиени во размена на оган на улиците на Хаити.

„Сите овие практики се срамота и мора веднаш да се прекинат“, рече комесарот за човекови права на ОН Волкер Тирк во изјавата објавена заедно со извештајот, во кој ситуацијата на Хаити се нарекува „катаклизмична“.

Разорните војни со банди на Хаити се интензивираа во последниве недели, бидејќи силно вооружените ривали започнаа нови бранови напади, меѓу другото и врз полициските станици и меѓународниот аеродром.

Премиерот на Хаити Ариел Хенри на 11 март најави дека ќе поднесе оставка.

Треба да знаете
Последни објави