Search

Од штабот на Пендаровски: Конвенција на втори април, ќе организира ручек за Велгден и вечера за Ифтар, ќе посети 60 населени места

На втори април со Конвенција а на четврти април со свечено отворање на промотивен штаб во центарот на Скопје, актуелниот претседател и претседателски кандидат Стево Пендаровски ќе ја започне кампањската трка за втор претседателски кандидат, информираа на денешниот брифинг од неговиот изборен штаб.

Како и претходно од штабот на Пендаровски се за организирање на мастер дебата на неутрален терен со можност да се пренесува во живо на сите телевизии, а како локации се спомнаа Филхармонија или спортскиот центар Борис Трајковски

Но овој предлог на штабот на Пендаровски, според информациите од брифингот наишол на резерва од дел од штабовите на другите кандидати, кои спореле дали на тие дебати со сите кандидати треба да се појави и Стевчо Јакимовски поради тоа што тој е на „црната листа“ на САД.

За штабот на Пендаровски не е спорно да учествуваат сите кандидати за претседател кои се потврдени во Државната изборна комисија.

Овие избори за време на кампањата се големите христијански и муслимански празници, Велигден и Рамазан Бајрам, а Пендаровски по повод празниците ќе организира велигденски ручек и ифтарска вечера.

Кампањата за претседателските избори започнува на 4ти април, а предвидено е Пендаровски да посети 60 населени места

Треба да знаете
Последни објави