Search

Каевски: ВМРО-ДПМНЕ не одговара зошто не ги поднесе потписите на граѓаните, има сериозен сомнеж за фалсификат во делот на потписите

„На листите предложени од СДСМ ставени се лица коишто го искористија својот капацитет да ја водат државата и во наредните четири години со сите слабости коишто ги имавме како Влада. Чесно е и тоа да се напомене, дека имавме одредени, но важно е дека со силна желба и интенција државата се движи напред“ изјави пратеникот од редовите на СДСМ Дарко Каевски на „24 анализа“ на ТВ24.

Во однос на собирањето на потписите за кандидати за претседатели, каде се прогнозира на анкети колку дена се потребни да се соберат потписи, СДСМ успеа во еден ден да организира три настани.
„СДСМ ги поднесе собраните потписи од граѓаните, од друга страна видовме дека ВМРО-ДПМНЕ се крие овие 4-5 дена и не одговара на прашањето зошто не ги поднесе потписите на граѓаните. Одговорот е јасен, има сериозен сомнеж дека има фалсификат во делот на потписите“, заклучи Каевски.

Треба да знаете
Последни објави