Search

Зголемувањето на бројот на хибридни волци може да доведе до исчезнување на европскиот волк

Зголемениот број на хибридни волци во Европа се заканува да го доведе европскиот волк, како диво, генетски различно животно, во опасност од исчезнување.

Хибридните волци се видови кои се создаваат со вкрстување на волци и кучиња.
Во текот на изминатите две децении, европските популации на волци, наводно, биле десеткувани, додека хибридите на волците, иако не се нова појава, не биле добро проучени до неодамна, кога напредокот во генетиката овозможил да се докаже нивното постоење.

Експертите објаснуваат дека постои можност тие повеќе да влегуваат во конфликт со луѓето, да ги избркаат чистокрвните волци од нивното живеалиште или да ја намалат одржливоста на идните потомци, попречувајќи ги напорите за заживување на популацијата на волци во Европа, пишува Гардијан.

Луиџи Ботани, водечки италијански експерт за волци, вели дека во одредени региони хибридите станале ендемични, како на пример во Тоскана, каде што сочинуваат 70 отсто од целата популација на волци, додека на некои територии сите волци се хибриди.

Некои експерти се загрижени дека вкрстувањето ќе доведе до трајно губење на посебните карактеристики на волкот.

„Ако утре видам црно-бело животно, со овенати уши и долга опашка, а вие ми кажете дека е волк, всушност би се разочарал. Не сакам да ги гледам волците на тој начин“, нагласи Боитани.

Експертите се согласуваат дека, за да се зачува европскиот волк, хибридите мора да мигрираат, додека некои повикуваат на истребување на видот.

„Го забрзуваме процесот што може да се случи природно. Тоа е како глобалното затоплување, ние имаме должност да го ублажиме таквото влијание“, вели Валерија Салватори, експерт за волци, која ја водеше првата студија за хибридизација низ Европа.

Австрија, Полска, Словенија и Швајцарија го иницираа процесот на истребување, додека групите за заштита на животните во Италија се борат да го спасат видот.

И покрај ваквиот пристап на некои земји, се прават различни истражувања за потенцијалните придобивки од вкрстувањето, како што е отпорноста на одредени болести на кои се подложни чистокрвните волци.

Треба да знаете
Последни објави