Search

Дали турската заедница во Македонија полека се албанизира?

Пред официјалниот почеток на изборната кампања сите политички партии се мобилизираат и создаваат коалиции со цел да си обезбедат предност на претстојните избори.

Како антитежа на опозицискиот блок во албанскиот кампус и ДУИ создаде свој „фронт“ со кој ќе ја бара довербата од граѓаните.

Во текот на вчерашниот ден коалицијата на ДУИ се приклучи и Демократската партија на Турците на Македонија на Бејџан Иљаз, која досега беше дел од коалицијата на СДСМ.

Ваквиот потег на ДПТМ изненади многумина во турската етничка заедница во Македонија.

Прво, затоа што досега партиите на етничките заедници, вклучително и на Турците секогаш настапувале како дел од големите коалиции на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и преку нив обезбедувале мандати во Собранието.

Второ, никогаш до сега не се случило некоја турска партија да биде во доминантно албански политички блок, што за многу етнички Турци претставува опасност турските гласови да се претопат во етнички албанските гласови.

Претставници од турската етничка заедница во овој чекор препознава обид гласовите на Турците да се злоупотребат во условно кажано внатреалбанската партиска пресметка и на тој начин дел од турската заедница да се албанизира.

Револтот е дотолку поголем што според нив на последниот попис во некои општини и де факто се случувала албанизација, односно етнички Турци се попишувале како Албанци,

Како ќе одговори турската заедница на овој потег ќе се знае на денот на изборите каде има сериозен број на гласачи кои се етнички Турци, како Гостивар, Центар Жупа, Врапчиште итн…

Во меѓувреме втората турска партија, Партија за движење на Турците на Енес Ибрахим ја потврди коалицијата со СДСМ за претстојните двојни избори.

Треба да знаете
Последни објави