Search

Ѓоковиќ и Иванишевиќ ја изненадија спортската јавност со прекинување на соработката !

По пет години успешна и трофејна соработка првиот светски тениски рекет Србионот Новак Ѓоковиќ и тренерот Хрватот Горан Иванишевиќ решија да ја прекинат соработката. Неочекуваната вест која пристигна утрово на социјалните мрежи ја потврди Ѓоковиќ преку својот Инстаграм профил со емотивна порака за работата со хрватскиот тренер. „Убаво се сеќавам на моментот кога го поканив Горан да биде дел од мојот тим. Тоа беше во 2018 година, кога со Маријан (Вајда) сакавме да донесеме некоја „сервисна магија“ на нашето дуо. И, не донесовме само сервис, туку и многу смеа, забава, прво место на крајот на годината, многу рекорди и уште 12 грендслем-титули. Со Горан пред неколку дена решивме да ја прекинеме соработката. Нашата хемија на теренот имаше подеми и падови, но нашето пријателство секогаш беше силно. Шефињо, ти благодарам за се мој пријателе, те сакам, напиша Ѓоковиќ. Иванишевиќ му се приклучи на тимот на Ѓоковиќ во првата недела на Вимблдон во 2019 година и постигна бројни успеси, но помина и низ исклучително тешки моменти, како дисквалификацијата од УС Опен и депортирање од Австралија. Српскиот тенисер годинава испадна во полуфиналето на гренд-слемот во Мелбурн, а уште во третата рунда беше елиминиран на првиот од двата мастерса по ред во САД.

Треба да знаете
Последни објави