Search

СЕЗОНСКА МЕТЕО АНАЛИЗА ЗА ОВАА ПРОЛЕТ: Таа ќе биде топла, но повремено со временски непогоди

Во текот на оваа пролет големи се условите за позитивно отстапување на температурите во нашиот дел од Европскиот Континент, односно условите за позитивно отстапување на температурите на 2 метри висина се дури за повеќе од  70% за остварување.

Оваа пролет ќе имаме многу топли денови, често ќе имаме и натпросечно високи температури како што погоре напоменавме и ќе бидеме под влијание на јужните топли струења.

Што се однесува до врнежите, тие ќе бидат околу, или над просекот. Тоа значи дека како ќе се загрева Атмосферата со топлото време и со се повисоките температури на воздухот, така ќе се создаваат се поголеми услови за формирање на нестабилни Атмосферски процеси, односно грмотевични облаци.

Оваа пролет повремено очекуваме и појава на временски непогоди со појава на град и силен ветер.

НАПОМЕНУВАМЕ: Поради тоа што се работи за долгорочна и сезонска анализа на времето за период од 3 месеци, секако дека се можни отстапувања или промени во временската состојба. Затоа нашите граѓани најдобро е редовно да ги следат нашите краткорочни анализи на времето кои секојдневно ги објавуваме преку МетеоАларм, и истите се со можност за остварување за повеќе од 90%.

Треба да знаете
Последни објави