Search

Вечерва уапсени се лица поврзани со убиството на докторот во Железара

За убиството на матичниот лекар Ацо Трпковски, уапсени се две лица изјави техничкиот минситер за внатрешни работи Панче Тошковски. 

„Преземени се преку 20 истражни дејствија, прегледани се преку 50 камери, видео записи за овие шест, седум дена“, кажа министерот Тошковски, додавајќи дека во овој момент се постапувало по наредба по судија на претходна постапка, се врши претрес на локација.

За случајот МВР има осомничени луѓе, одредени материјални траги ги воделе до осомничените.

Како што кажа Тошковски, мотивите за убиството на докторот не биле поврзани со неговата професија. 

За потсетување, убиениот матичен лекар е Ацо Трпковски, чие свирепо убиство ја потресе скопската населба Железара, во која скоро и да немало човек кој не го познавал. Тој со убодни рани бил пронајден во својот паркиран автомобил „Киа“ пред поликлиниката, доцна во ноќта од неговите двајца синови, кои почнале да го бараат, откако неколку часа го немало да се врати од работа.

Треба да знаете
Последни објави