Search

Украинска морнарица: Третина од руските воени бродови во Црното Море потопени или онеспособени

– Украина потопи или онеспособи третина од руската воена бродска флота во Црното Море за време на двегодишната војна, соопшти денеска портпаролот на украинската морнарица Дмитро Плетенчук.

Тој рече дека во последниот напад во саботата вечерта, цел бил десантниот брод Константин Олшански, кој се наоѓал на пристаништето во Севастопол, Крим, кој е окупиран од Москва.

Пред да биде заробен и искористен од Москва, бродот бил дел од украинската морнарица. Плетенчук претходно изјави дека два други десантни бродови од ист тип, Азов и Јамал, исто така биле оштетени во нападот во саботата, заедно со разузнавачкиот брод Иван Курс.

Портпаролот денеска изјави дека нападот за време на викендот бил извршен со ракети произведени од Украина и дека биле погодени просториите на пристаништето во Севастопол како и складиште за нафта.

Руските власти известија за голем украински напад на пристаништето за време на викендот, но не дадоа информации колкава е штетата на објектите и флотата.

Плетенчук вети дека Украина ќе продолжи со нападите. „Нашата крајна цел е целосно отсуство на руски воени бродови во регионот Азовско и Црно Море“, рече тој

Треба да знаете
Последни објави