Search

Малави прогласи состојба на катастрофа поради суша

Источноафриканската земја Малави прогласи состојба на катастрофа поради големата суша што зафати голем дел од земјата.

Претседателот на Малави, Лазарус Чаквера побарал повеќе од 200 милиони долари хуманитарна помош, јави Би-би-си.

Потегот на Малави доаѓа помалку од еден месец откако соседна Замбија презеде сличен чекор.

Зимбабве, исто така, соопшти дека голем дел од посевите во земјата се уништени.

Светската програма за храна на Обединетите нации соопшти дека неколку земји во Африка се на работ на криза со храна поради сушата предизвикана од влијанието на климатскиот феномен Ел Нињо.

Треба да знаете
Последни објави