Search

Барселона со план да потроши 200 милиони евра за летни трансфери

Екипата на Барселона планира да потроши околу 200 милиони евра за летни трансфери, пренесува „Фут Меркато“.

Според изворот, на крајот на сезоната Каталонците ќе продадат неколку играчи за да добијат што повеќе пари. Рафиња, за кој претензии има саудиски Ал-Хилал, речиси сигурно ќе си замине.

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта најави подобрување на финансиската состојба на клубот.

По 29 кола во Ла Лига, Барселона е на 2. место во поредокот со 64 бодови. 

Треба да знаете
Последни објави