Search

Милевски со неколку промени, Просинечки со комплетно нов тим, ќе се надмудруваат во Анталија

Македонската фудбалска репрезентација денеска (18 часот) во Анталија ќе има ново тест-соочување, овојпат со Црна Гора. Пресметката меѓу Македонија и Црна Гора ќе биде четврта меѓусебна. „Црвено-жолитие“ од доесгашните три имаа позитивен скор со две победи (2:1, 4:1) и еден шппораз (1:2).

За избраниците на македонскиот селектор Благоја Милевски со денешниот тест завршуваат мини-подготовките во Анталија, на кои Македонија се тестираше и со Молдавија (1:1). Селекторото Милевски очекува поголема ефикасност од своите избраници и најави промени во составот за пресметката со Црна Гора, која пак на првиот меч во Анталија ја совлада Белорусија (2:0). -Нѐ очекува квалитетен противник со добри фудбалери кои настапуваат во силни тимови. Па ќе мора да го подигнеме нашешто ниво на игра, особено во завршната фаза од теренот, односно реализацијата. Ќе има промени во составот, тука сме дојдени да го провериме потенцијалот на некои играчи на различни позиции. Овие два натпревари се токму за тоа, изјави Милевски на прес-конференцијата. Многу повеќе промени ќе има во составот на Црна Гора. Новиот селектор на Црна Гора, Роберт Просинечки кој имаше успешно деби на клупата на „соколите“ најави дека целосно ќе го промени стартниот тим од дуелот со Белорусија. Во почетниот тим ќе остане само Јоветиќ.

Треба да знаете
Последни објави