Search

Спасовски: СДСМ е двоен победник на изборите на 8 мај

Носителот на листата на СДСМ во изборната единица 2, Оливер Спасовски, по завршување на Конгресот на СДСМ, на социјалните мрежи објави дека неговата партија ќе биде двоен побендик на изборите.

„На 8 мај СДСМ е двоен победник! Вечерва СДСМ го оддржа 28 Конгрес на кој беа донесени низа одлуки и беше претставена Изборната програма.

Благодарност до граѓаните за поддршката и до претседателот Ковачевски за укажаната доверба да ја предводам победата во Изборна единица 2, заедно со другарот Фатмир Битиќи како носители на листата за пратеници. Заедно да ја оствариме визијата за европска Македонија! Нема откажување од иднината“ напиша на Фејсбук Спасовски.

Треба да знаете
Последни објави