Search

По грозоморниот масакр во Москва на никому не му е до фудбал

Пријателскиот фудбалски натпреавр меѓу Русија и Парагвај кој беше закажан за в понеделник во Москва е откажан поради вчерашниот терористички напад што се случи во овој град. Откажани се сите масовни собири во следните денови од страв да не се повтори нешто слично, а Русија ќе мора да почека до јуни на нов меч, по триумфот против Србија (4:0). -Фудбалскиот сојуз на Русија, заедно со целата земја, ги оплакува загинатите во страшниот терористички напад. Уште еднаш сакам да изразам искрено сочувство со семејствата на жртвите на оваа трагедија. Во оваа ситуација, заедно со колегите од Парагвај одлучивме да не го играме натпреварот меѓу нашите репрезентации и него ќе го организираме дополнително, изјави претседателот на Фудбалскиот сојуз на Русија, Александар Дјуков.

Треба да знаете
Последни објави