Search

Постои можност Србија да го напушти Советот на Европа

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ рече дека постои можност земјата да излезе од Советот на Европа и дека приемот на Косово во таа организација де факто претставуваше протерување на Србија. Според нацрт-мислењето, за кое Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) ќе се расправа идната недела во Париз на ниво на комисија, а потоа и на пленарна сесија, ако мислењето добие зелено светло, ПССЕ ќе побара од Комитетот на министрите да го покани Косово да стане членка на Советот на Европа под името „Косово“. „Ќе им биде многу, многу непријатно кога ќе ги слушнат сите детали за тоа како ја лажеле Србија за Советот на Европа и сите други приказни. Одете со тоа, а потоа ќе видиме дали Србија сака да остане или не во Советот на Европа.Па да видиме, можеби повеќе ви се допаѓа Приштина во Советот на Европа отколку Белград и Србија“, рече Вучиќ во гостувањето на ТВ Прва. Тој оцени дека тоа е организација која одлучува „за ништо“. Потсети дека Русија е исфрлена од СЕ, пред Косово да биде ставено на дневен ред, и додава дека влегувањето на Косово е де факто протерување на Србија од таа организација.

Треба да знаете
Последни објави