Search

Македонија У19 поразена од Швајцарија во квалификациите за Елитната рунда од ЕП

Македонската фудбалска репрезентација до 19 години ги загуби шансите за пласман на Европското првенство што ќе се одржи ова лето, откако загуби од Швајцарија со 2:0 во рамки на 2. коло во групата 7 во квалификациите во елитната рунда.

По стартниот пораз со идентични 2:0 од Украина, избраниците на селекторот Тони Јакимовски попладнево беа поразени и од Швајцарија и останаа без теоретски шанси за првото место во групата кое носи пласман на завршниот турнир од 15 до 28 јули во Cеверна Ирска.

Стрелци на головите за Швајцарија беа Пол Лигуе во 12 минута и Ромео Бенеј во 80 минута.

Македонските фудбалери елитните квалификации ќе ги заокружат во вторник против Латвија, која денеска, исто така, го претрпе вториот пораз и беше совладана од Украина со 3-0.

Украина и Швајцарија водат на табелата со 6 бодови, а Македонија и Латвија се без освоен бод.

Треба да знаете
Последни објави