Search

Блинкен повторно се спротивстави на офанзива во Рафа, вели дека има „многу добар напредок“ за израелско-саудискиот договор

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека голема воена операција на Израел во најјужниот град Рафа во Газа би била „грешка“.

Блинкен ја нарече претстојната офанзива „непотребна“, на заедничката прес-конференција со неговиот египетски колега во Каиро, додавајќи дека „постои подобар начин за справување со тековната закана од Хамас“.

Коментирајќи ги разговорите во Катар за примирје и ослободување на заложниците, Блинкен рече дека „јазот се намалува“, пренесе „Тајмс оф Израел“.

– САД продолжуваат да вршат притисок за договор во Доха. Тешко е да се стигне до таму, но верувам дека е сè уште можно, рече Блинкен.

Тој, исто така, информира дека има „многу добар напредок“ кон договорот за нормализација меѓу Израел и Саудиска Арабија, велејќи дека неговата вчерашна посета на кралството во Персискиот Залив донела „многу добра дискусија“ со саудиските лидери за поблиски врски меѓу двете држави.

Шефот на американската дипломатија рече дека не може „да постави временска рамка за тоа“, но оти дискусиите „се приближуваат до точка каде што ќе има договори“.

Треба да знаете
Последни објави