Search

Шпанија: Камион удри во полициски контролен пункт, шест лица загинаа

Најмалку шест лица, меѓу кои двајца членови на Цивилната гарда, загинаа утринава кога камион влета во полициска барикада во близина на Севиља, на југот на Шпанија, соопштија регионалните власти во Андалузија.

Повредени се тројца припадници на цивилната гарда.

Шпанските медиуми објавија дека членовите на Цивилната гарда вршеле рутинска контрола како дел од операцијата за борба против шверцот со дрога кога камионот налетал на нив.

Возачот, кој е приведен, бил негативен на дрога и алкохол.

Шпанскиот премиер Педро Санчез и локалните власти изразија сочувство до семејствата на жртвите.

Треба да знаете
Последни објави