Search

Уставен суд на Хрватска: Милановиќ мора да поднесе оставка како претседател за да може да биде кандидат за премиер

Уставниот суд на Хрватска донесе одлука за случајот со потенцијалната кандидатура на Зоран Милановиќ на изборите

-Уставниот суд на седницата ја разгледа изјавата на претседателот на Република Хрватска дека на парламентарните избори ќе настапи како независен и непартиски кандидат на листата на СДП. Уставниот суд ги разгледа и изјавите на претседателот дека ќе остане кандидат. Претседателот на Република Хрватска ја претставува Република Хрватска во земјата и странство, преговара за одбрана на независноста. Во членот 96 е определено дека не може да врши друга јавна или професионална должност. Претседателот е непартиска личност и не учествува во изборните активности на ниту една партија, а тоа го исклучува да биде кандидат на листата или да биде кандидат за премиер. Кандидатурата на претседателот на Република Хрватска и неговото предлагање за кандидат за премиер е некомпатибилна со неговата уставна положба и овластувања“, изјави претседателот на Уставниот суд.

Тој објасни дека доколку Милановиќ инсистира да биде кандидат на листата или кандидат за премиер, мора да поднесе оставка.

Треба да знаете
Последни објави