Search

Трипуновски: Земјоделците од Радовиш ќе останат без вода за наводнување заради лошото менаџирање со браната Мантово

Се соочуваме со сериозна криза во управувањето со водните ресурси, исклучително важни за земјоделското производство. Катастрофалното менаџирање на браната Мантово од страна на АД Водостопанство ја доведува до знак прашалник новата производна сезона за земјоделците од Радовишкото Поле, предупредува Цветан Трипуновски, дополнителен заменик министер во МЗШВ и додава: Браната -Мантово, со својот капацитет од 49,5 милиони м3 вода, треба да обезбеди најмалку 6 милиони м3 за наводнување на земјоделските површини, но во овој момент сме далеку од таа количина и земјоделците имаат на располагање околу 2.6 милиони м3 вода што сериозно го загрозува производството и егзистенцијата на земјоделците од овој регион. Затворачот на браната Мантово со години беше оставен без потребниот и редовен сервис и заради неажурноста на АД Водостопанство не се санираше виталниот дел на браната, и дополнително неконтролираното испуштање на вода денес донесе браната Мантово да биде скоро на својот биолошки минимум.

Треба да знаете
Последни објави