Search

Сијaрто: Ситуацијата во Европа е „критична“, заканата од избувнување светска војна е „сè поакутна“

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто изјави денеска дека лидерите на западноевропските земји треба да признаат дека нивната воена стратегија во Украина е неуспешна и дека тоа создава ризик од нова светска војна. Тој на Фејсбук напиша дека ситуацијата во Европа е „критична“, како и дека заканата од избувнување на светска војна е „сè поакутна“.

„Лидерите на Западна Европа треба да признаат дека нивната воена стратегија во Украина е неуспешна и дека прекин на огнот одамна ќе беше постигнат доколку вложеа барем половина од своите напори во воспоставување мир, а не во снабдување на Украина со оружје, изјави шефот на унгарската дипломатија.

Наместо да се бара прекин на конфликтот, додаде Сијарто, се разговара за идејата за испраќање западни трупи во Украина на предлог на француското раководство.

Според него, слоганот „Најдобрата одбрана е добар напад“ сега се користи за „поттикнување на заканата од светска војна“. „Можното распоредување на копнени трупи во Украина е целосно спротивно на досегашните одлуки на НАТО. Не сакаме војна во Европа и се надеваме дека нашите европски колеги ќе престанат да си играат со оган“, рече Сијарто.

Треба да знаете
Последни објави