Search

Ковачевски: Нема откажување од иднината, по изборите, ќе имаме проевропска влада предводена од СДСМ

Претседателот Стево Пендаровски е победничкиот кандидат не само за изборите туку и за Северна Македонија, тој е еден модерен, прогресивен политичар кој застапува и традиционални македонски вредности меѓутоа и европски вредности, тој ја гледа и работи на тоа земјата да стане членка земја на ЕУ. – посочи Ковачевски во денешното интервју во утринската програма на Слободен печат. -Тој во текот на својот 5 годишен мандат покажа дека е интегритетна личност, чесна личност, која што работеше во интерес на државата и на граѓаните, граѓаните не ги делеше по ниту еден основ туку напротив делуваше обединувачки, секој од него беше третиран на ист начин без разлика на неговата индивидуална определба по било кој основ. Сигурен сум дека Стево Пендаровски ќе ја добие поддршката од граѓаните, не само до СДСМ, не само од нашите коалициони партнери, туку од сите граѓани на државата без разлика на нивната етничка или политичка или било каква друга припадност и во првиот и во вториот круг на изборите и на тој начин после 8 мај Северна Македонија ќе има и проевропски претседател Стево Пендаровски и проевропска влада која повторно ќе биде предводена од СДСМ и коалиционите партнери – дециден беше Ковачевски
-Таа влада и претседател имаат јасен план како државата да продолжи во евроинтеграциите, како државата да продолжи во економскиот развој, во развојот на демократијата, во развојот на социјалната правда, како до 2028 година да го завршиме процесот на преговори со ЕУ и како ратификацијата на тие преговори успешно завршени да заврши до 2030 година и да станеме земја членка на ЕУ. Јас знам дека за дел од граѓаните ова делува прилично заморно со оглед на патот кој што Македонија го има поминато до сега во евроатлантските интеграции меѓутоа ние друга алтернатива немаме, и ние немаме право да се откажеме од својата европска иднина и затоа на моите настапи можете многу често да ме слушнете каде што кажувам дека нема откажување од иднината која што е иднина на европска Македонија – истакна Ковачевски во интервјуто за Слободен печат.

Треба да знаете
Последни објави