Search

Ковачевски: Бизнисот може да издржи минимална плата од 600 евра

Лидерот на СДСМ и поранешен премиер на Македонија, Димитар Ковачевски во интервју за „Слободен печат“ меѓу другото зборувше за планот за раст на платите. Според него до 2028 година, минималната плата во земјава ќе биде во износ од 600 евра. -Бизнисот може да издржи минимална плата од 600 евра, ќе ви дадам пример, денес во приватниот сектор минималната плата е над од она што е законски определно и најголем дел од приватните компании своите плати ги имаат димензионирано над нивото на минималната плата и вие ако ги погледнете огласите за вработувања, ќе видите дека платите веќе се на повисоко ниво од оние 22.500 денари колку што е минималната плата, вели Ковачевски. Тој потсети и дека неговата партија има план како да го реализира ова, иако претходно имало неверување околу растот на минималната плата, но и напади дека тоа би можело да ја загрози економијата. -Во времето кога јас со мојот тим работев на воведување на методологијата за раст на минималната плата, економистите на ВМРО-ДПМНЕ беа против, тие велеа дека ќе пропаднела економијата, дека тоа негативно ќе влијаело на бројот на работни места, дека ќе влијае негативно на просечната плата и така натаму. Се покажа дека не биле во право, се покажа дека јас и мојот тим сме во право, бидејќи во исто време имавме и зголемување на минималната плата и зголемување на просечната плата и намалување на невработеноста од 25% на 12.8%. На тоа секако влијаеше и поддршката кон домашните и странските компании на отворање на нови инвестиции, но сигурно и влијае што сме членка на НАТО. Ние денеска сме гледани како сигурна дестинација за инвестиции. Сигурно дека влијае и започнувањето на преговорите со ЕУ, бидејќи инвеститорите сакаат да работат во земја во која напредува, земја која оди напред, земја во која има демократија и каде можат нормално да работат. И затоа верувам дека 600 евра минимална плата е остварливо и имаме план како тоа да го направиме, потенцира меѓу другото Ковачевски во видео-интервјуто.

Треба да знаете
Последни објави