Search

За САД изборите во Русија не беа слободни, а Зеленски го обвини Путин дека сака да владее вечно

Изборите во Русија не беа ниту слободни, ниту фер – е првата оценка на САД по објавувањето на првичните резултати од претседателските избори, според кои, актуелниот лидер Владимир Пути ќе освои уште еден шестгодишен мандат. Украинскиот претседател Володимир Зеленски, смета дека во Русија имало „имитација на избори“. Зеленски го обвини Путин дека сака да владее вечно. Во вечерното видео обраќање Зеленски рече дека „рускиот диктатор симулира нови избори“ и дека Путин е „болен за моќ и прави се за да владее вечно“. – Нема и не може да имаат легитимитет овие имитациски избори. На оваа личност треба да му се суди во Хаг. Тоа треба да го обезбедиме – додаде Зеленски во својот говор. Според првите прелиминарни резултати од претседателските избори во Русија, Владимир Путин победи со над 87,8 отсто од гласовите, додека вкупната излезност беше 74,22 отсто.

Треба да знаете
Последни објави