Search

(Видео) Хаос на теренот во Трабзон по дербито со Фенербахче

Фенербахче го доби дербито во 30. коло од турската фудбалска суперлигашка конкуренција на гостински терен против Трабзонспор (2:3). Победата гостите почнаа да ја слават на теренот, а тоа ги испровоцира домашните навивачи кои прескокнаа од трибините и почнаа да се пресметуваат со гостинските играчи. На теренот настана вистинска мешаница, гостинските играчи на почетокот им задаваа удари на „неканетите гости“ на теренот, но како се зголемуваше бројот на хулиганите, побрзаа да се засолната во соблекувалната.

Очебијно е по хаосот на теренот дека дербиот ќе има и трето полувреме овојпат на маса пред надлежните во Турската фудбалска федерација.

Треба да знаете
Последни објави