Search

Битиќи: Се што работам е и за моите деца, затоа не смееме да се откажеме од Европа

Заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи објави фотографија ан друштвените мрежи од неговите деца. Од неговата објава може да се разбере дека во викенд тешко е тинејџери во исто време да се најдат дома.

„Двајца тинејџери во исто време по дома, за викенд, морав да сликам за да се запамети“, пишува Битиќи.

Тој додава дека одлуките кои ги носи не заборава дека влијаат и врз неговите деца.

„Се што работам е и за моите Калтрина и Гентијан. Со секоја одлука не заборавам дека влијае на нивната иднина во оваа земја, во која сакам да останат. Како што секој родител сака“, додава Битиќи.

Битиќи во објавата потсетува дека „не смееме да се откажеме од Европа и патот по кој тргнавме.“

Треба да знаете
Последни објави