Search

Вулканот во Исланд еруптираше по четврти пат од декември

Вулкан на исландскиот полуостров Рејкјанес денеска повторно еруптираше по четврти пат од декември, исфрлајќи големи количини лава во воздухот, соопшти Исландската метеоролошка служба.

Вулканот последен пат еруптирал на почетокот на февруари, прекинувајќи го централното греење на 20.000 луѓе, додека лавата уништила патишта и цевководи.

Ова е седма ерупција во областа Рејкјанес од 2021 година.

Треба да знаете
Последни објави