Search

ИДФ: Хезболах истрела околу 100 ракети во два напади врз северен Израел

Милитантната исламска организација Хезболах утрово изврши два напади од Либан кон северот на Израел, при што беа истрелани околу 100 ракети, соопшти израелската армија.

Во првиот напад беа истрелани околу 70 ракети од Либан кон Голанската висорамнина, што е еден од најмоќните ракетни напади што Хезболах ги извршил на израелска територија, пишува „Тајмс оф Израел“. Во вториот напад беа истрелани околу 30 ракети.

Според првичните информации, во нападите нема повредени. Според снимките објавени на социјалните мрежи, некои од ракетите биле пресретнати од системот за воздушна одбрана „Железна купола“ над северен Израел.

Ракетниот истрел дојде откако доцна синоќа израелските сили извршија напади длабоко во либанска територија, при што воени авиони погодија две упоришта на Хезболах.

Треба да знаете
Последни објави