Search

Штрајк на вработените во сите подружници на ЈП „Национални шуми“

По еднонеделен мирен предупредувачки протест околу 2000 вработени во 30-тина подружници на „Национални шуми“ во земјава од денеска стапија во штрајк со барање до раководниот тим на Јавното претпријатие да ја исплати јануарската, како и феврурската плата за која рокот е до 15- ти март, како и исплата на сите додатоци од работа.

Обвинија дека иако досега им било ветувано дека ќе си ги добијат заработените пари, раководството на претпријатието тоа не го исполнило. Штрајкот е организиран преку Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање, каде членуваат вработените во Шуми.

Неиздржливо е во услови на криза и зголемување на трошоците за живот, луѓето кои секојдневно работат да не добиваат плата. Очекуваме раководството да се вразуми, да се одважи и да им исплати плата на вработените, а во спротивно штрајкот ќе продолжи и во наредните денови, сè до исполнување на барањата,вели Слободан Трендафилов, првиот човек на ССМ.

Барањето на вработените не се однесува само на платите туку и на теренските додатоци кои не се исплаќаат со месеци но и другите додатоци утврдени со колективен договор. Трендафилов од ССМ на раководниот тим на ЈП Национални шуми му порача дека е поразително што не може да исплати плата, а доколку тоа не можат да го направат си поднесат оставка.

„Претпријатието работи цела година, а не сезонски, па така и сезонски да добива редовна плата“, вели Иван Пешевски, претседател на синдикатот на Градешништво, индустрија и проектирање, СГИП, кој барањата освен до компанијата ги адресира и до премиерот и вицепремиерите.

Од раководството признаваат финансиска дупка, но само за овој кус период, затоа и од таму ќе се обратат за помош до владата и ветуваат исплата на јануарската плата најдоцна до среда

Треба да знаете
Последни објави