Search

(Фото) Настрада велосипедист на булеварот „Трета македонска бригада“

На булеварот „Трета македонска бригада“ во близина на средното училиште „Димитар Влахов“ , вечерва настрада велосипедист. Поради сообраќајната несреќа на пешачкиот премин, при увидот кој на лице место го вршеше екипа на МВР, времено булеварот беше затворен за сообраќај во правецот кон Лисиче, па нестрпливите возачи за да ја заобиколат блокираната делница од булеварот ја користеа велосипедската и пешачката патека.

Со какви повреди поминал велосипедистот, како и причините за несреќата се очекува со повеќе информации да излезе МВР во својот утрешен извештај.

Треба да знаете
Последни објави