Search

Манчестер сити на убедлив начин продолжува со одбраната на титулата во ЛШ и поставува рекорди

Актуелниот, светски, европски и англиски фудбалски првак Манчестер сити го продолжи патото кон одбраната на европската куна со вотр убедлив триумв во осминафиналето од Лигата на шампионите прптив данскиот Копенхаген (3:1). Со истиот резултат „граѓаните“ славеа и на првиот меч во Копенхаген. Англискиот премиерлигаш со овој триумф постави нови граници во елитното европско натпреварување. За избраниците на тренерот Пеп Гвардиола овој тиумф на „Етихад“ беше 12. победа во низа на домашен терен во Лигата на шампионите. Податокот звучи уште поимпресивно ако се знае дека тие не се поразени на последните 30 домашни натпревари во ова натпреварување и имаат скор од 28 победи и два нерешени дуели. Така Манчестер сити стана само вториот тим во историјата на елитното клупско натпреварување со серија од 30 натпревари без пораз во ЛШ. Рекордот го држи Барселона која во ЛШ пред своите навивачи беше без пораз 38 натпревари во период од 2013. до 2020. година. Мначестер може да се пофали дека стана првиот тим во Лигата на шампионите кој постигнал најмалку три гола на девет натпревари во низа.

Треба да знаете
Последни објави